Dave's Kitchen - Сочни и ароматични палачинки со три различни филови HD
Низ годините, на социјалните мрежи имав побарување на различни рецепти, но само еден беше баран се почесто и почесто – палачинки. Многумина од вас уживаат во подготовката на овој интересен и вкусен рецепт, а најголемо задоволсто наоѓаат најмалите во семејството. Денеска со Вас ќе споделам совршен рецепт за крцкави и ароматични палачинки. Останете до крајот на ова видео, бидејќи со Вас ќе споделам не еден, не два туку три различни филови за овој популарен рецепт. Не заборавајте да ставите SUBSCRIBE на мојот You Tube канал, и да ги заследите моите профили на социјалните медиуми: INSTAGRAM - https://bit.ly/2UjKnEO FACEBOOK - https://bit.ly/2MP2L7A YOUTUBE - https://bit.ly/2M8nX8X Потребни состојки: 250 г брашно 250 мл млеко 250 мл минерална вода прстофат прашок за печиво прстофат сол 2 лажички екстракт од ванила или 2 пакетчиња ванилин шеќер 2 лажици шеќер 3 јајца 120-150 мл растопен путер За филовите: чоколаден крем со сечкани лешници џем од сливи или кајсии лесно изматена слатка павлака и џем од дуњи Најпрво потребно е да ја подготвите смесата за палачинките. Во длабок сад ставете го брашното и прстофат сол, и прашок за печиво. Добро промешајте ги сувите состојки со помош на жица за матење. Во садот додајте ги јајцата, млекото, минералната вода, екстрактот од ванила и шеќерот. Продолжете да мешате со жица за матење, се додека не добиете убава хомогена смеса. Додајте го растопениот путер во смесата и промешајте. Сега е време да ја загреете тавата во која ќе ги печете палачинките. Јас ја користам оваа таваа која е специјализирана за подготовка на палачинки, а која е дел од новите садови за готвење Енамели. Она што најмногу ми се допаѓа е тоа што изгледа одлично и не дозволува палачинките да се залепат на тавата, па дури ни првата. Најтопло ја препорачувам за сите оние кои сакаат да подготвуваат супер вкусни палачинки. Садовите Енамели може да ги најдете ексклузивно во сите маркети на Веро, достапни преку купон-плус акцијата за неверојатна понуда со -50% попуст. Кога тавата ќе се загрее убаво на средна температура, ставете од смесата за палачинките. Гответе од секоја страна по 2-3 минути. Ќе знаете дека палачинката е спремна за да се преврти кога на крајот ќе почне да се одлепува или пак ќе започне да добива златно-кафена боја. Мојот трик за секогаш сочни и ароматични палачинки е да ги чувам во голема чинија а одозгора да ги покријам со помош на кујснски бришач. На тој начин пареата ќе се задржи во кујнскиот бришач и палачинката нема да се затести од кондензацијата. На крајот сакам да ви дадам три различни варијанти за тоа како да ги сервирате овие вкусни палачинки. Првата идеја е малку невообичаена, но многу вкусна. На секоја палачинка додека е суште топла сакам да ставам ½ лажичка путер и нежно да го растопам низ целата површина, а потоа да ставам неколку капки сок од лимон или портокал и на крајот да нарусам малку шеќер во прав – одлична комбинација за оние кои сакаат да експериментираат со вкусовите