Dave's Kitchen - Шарен куглоф со чоколадо и ванила HD
Сакате да ги воодушевите гостите со изнвореден десерт, а истовремено да бидете сигурни дека на крајот се ќе излезе како што треба? Денеска ќе ви покажам како да подготвите шарен куглоф со ванила и чоколадо, декориран со свежо овошје за уште повпечатлива презентација. Доколку ги следите моите чекори, ве уверувам дека никаде нема да погрешите и гостите ќе бидат повеќе од воодушевени. Не заборавајте да ставите SUBSCRIBE на мојот You Tube канал, и да ги заследите моите профили на социјалните медиуми: INSTAGRAM - https://bit.ly/2UjKnEO FACEBOOK - https://bit.ly/2MP2L7A YOUTUBE - https://bit.ly/2M8nX8X Потребни состојки: 3 јајца 250 г шеќер 2 кесички ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила 270 мл масло за јадење 370 мл млеко 530 г брашно 2 лажички прашок за печиво прстофат сол 150 г чоколадо за готвење За чоколадната глазура и декорација: 100 г чоколадо за готвење 60 г путер свежи јагоди свежи киви гранчиња нане 50 г сечкани ореви Начин на подготовка : 1. Најпрво загрејте ја рерната на 180 степени. 2. Во длабок сад искршете ги јајцата и започнете да ги матите со постопено додавање на шеќерот и ванилата. Матете околу 10 минути додека не добиете густа и добро изматена смеса. 3. Полека додајте го маслото за јадење и добро промешајте. Додајте го и млекото. 4. Во сад на страна измешајте ги заедно брашното, прашокот за печиво и прстофат сол. Сувите состојки додајте ги во смесата на неколку пати, матејќи добро помеѓу секое додавање. 5. Откако целата смеса ќе биде добро промешана поделете ја во два сада, така што во едниот ќе има 2/3, а во другиот 1/3 од вкупната смеса. Во садот со 1/3, додајте растопено чоколадо и добро промешајте за да се соедини. 6. Добро премачкајте калап за куглоф и со помош на алатка за сладолед додавајте од двете смеси најизменично за да потоа го формирате ефектот на шарен куглоф. 7. Со помош на долга чепкалка нежно правете движења во смесата. 8. Печете околу 45-55 минути. Ќе знаете дека куглофот е готов кога ќе добие убава златно-кафена боја. 9. Оставете да се излади околу 5 минути во калапот, а потоа нежно извадете го на сталак за торти. Оставете да се излади околу 15-тина минути, а вие за тоа време може да ја подготвиме чоколадната глазура. 10. Во сад на пареа растопете го чоколадото и путерот заедно и добро промешајте додека не добиете убава хомогена смеса. Нанесете ја чоколадната глазура на куглофот и декорирајте со свежо исечкани јагоди, киви, нане и сечкани ореви. Имајте забавно готвење!