TPC (Poetika) - A.M. HD
ТПЦ (Поетика) - А.М. Beat/Mix/Mastering: Дејан Трајчевски ТПЦ После полноќ крузам со градот се дружам, дури пушам цигара за уште ужас, катран в гради - воздух пуштам, чувај ме и ќе те чувам дур ја чувам совеста чиста, да не ја купат да не забегам по другпат, и да, се загубам во кружен тек, во рушен свет, бараш душа исто ко да бараш во бетонов цвет, во сиот смет, градов закочи 97ма, од книшка штедна, заврши на кришка леб, да.. не ти се верува? па врзи појас, и да возам далеку од тука пак сме дома, тогаш кога ти ќе ми си сопатник со мене попат и, да делам товар ко со побратим по празни сокаци, бегам од тема.. за градов снимив сто и една песна, проклето го мразам или сакам ни самиот не знам, дека малце ми даде а се ми зема, и душа краде ама душа нема, па без поздрав секој бега, тука спортот е казино, ноќен живот исто, уште им трае филмот што ќе беше ако беше тито, а јас сакам да знам што ако беше уште сив дом, а зошто? - па дека растевме во време нивно, батали тоа, раката на волан - гледам право, со кого зборам? - два ѓаволи на едно рамо, за што јас снимам? - само за едно браво, а што е живот? - нема појма овој народ, ќе прашам како си но сепак ти го одговорот, ќе речиш "онака", значи тоа ми е монолог, па секој по свој пат и крај на разговорот, не грижи се во ред е се дури дишиме олово.
Похожие видео
Показать еще