Извор - Молитва HD
Извор - Молитва Господе, дај ми мирно да го примам сето онаа што ке ми го донесе денешниот ден,како и тоа,потполно да се предадам на Твојата света волја. Упатувај ме и помагај ми секој час во текот на овој ден.Какви вести и да чујам научи ме мирно да ги примам и со цврсто уверување дека,се станува по Твојата света волја.управувај со моите мисли и чувства во сите мои дела и зборови. Не позволи, во сите непредвидени случаи, да заборавам дека се доаѓа од тебе. Научи ме правилно да се однесувам спрема моите родители и ближните. Никого да не налутам, ниту да ожалостам. Господи, дај ми сила да го поднесам заморот на денешниов ден, како и се она што ќе се случи во текот на денот. Ти управувај со мојата волја и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам да трпам да проштевам и да љубам. Амин.