Stihovno Vojuvanje - Amanet HD

04.08.2013
Изведувачи : Стиховно Војување (Христијан Аџиоски, Жанко Котевски, Васко Мирчевски) Текст : Стиховно Војување Музика : Филип Тодоровски Аудио Продукција : С.В. Продукција Продуцент : Васко Патуљче Мирчевски Албум : Сега или некогаш Година : 2013 ТЕКСТ : (КИЧО) Ова да го знаеш кога ќе дојдеш на свет, твојот татко песна ти посветил ќе ја слушниш еден ден,а денес осеќам замор, зошто ми фали само, уште таа на која ќе и викаш мамо (уште е рано), си велам, но сеуште не сум се заљубил, а како се љуби, не научив и после толку авантури, но ти подобро ќе знаеш да освоиш скапа прегратка, твојата борба почнува од дубакот во детската, ко прво, по пари, не лакоми ко лихвар, ко второ, дели со гнадни, сè и погача и кифла, во школо да бидеш бистар немој да си стока, сакам да знаеш за петка, кога ќе добиеш двојка, Васко и Жанко се твоја втора фамилија, ќе се фалиш во иднина, дека тие се први што ти запеале приспивна, незамислива е среќата но запомни, ќе можеш да ја имаш, ти само слушај го татко ти ! РЕФРЕН (ВАСКО, КИЧО, ФИЛИП) Мојот совет, (мојот совет твоја вредност), е само аманет за тебе, (мојот аманет за тебе), биди цветот, (биди цветот што е реткост), што ќе расцути во есен, (за тебе творам оваа вечер). (ЖАНКО) Во текстот напишан ќе сфатиш дека на ред си после мене, мислев така се создава нов патоказ до твое време, јас од нашето заклучив кај нас е тешко да си дете, па ти дозволив па плетиш според моја надеж венец, немој да носиш одлуки од други дур се мачиш тешко, немој да дозволиш да бидеш трудот кај што нема вредност, твојот живот изграден да биди тврда корица, знам дека нема помоќно од тоа што го можиш сам, а мојот стар, ми подари талент кој го користам, за да си главен дур порасниш после ќе се бориш пак, вака ти напишав за да знаеш дека немаш никој друг, туи поблиску од твојата мама, јас и натписот за твојот ум, и така ќе градиш, ко што градев, ко што морав, ти ќе мораш, сега си докрај, ти во борба, без бараш туѓа полза, не барам возврат, почнуваш од моја порта долг, јас би одморил до тогаш со цел да станам од синот горд. РЕФРЕН (ВАСКО) Јас сум премногу уморен, што незнам повеќе дали да целам кон целта, или да целам кон златната средина незнам, мојот аманет кон тебе е да одиграш храбро, (до крај) а времето ќе докаже само, само запамти во овој народ бесен, можиш да имаш, се што ќе посакаш, само не го бирај патот лесен, така ќе бидеш спремен, да испливаш без чамец, без разлика на невреме, размислувај со глава но постапувај со срце, зошто добриот човек, кај сите луѓе прв е, има луѓе кои што сакаат да го докажат спротивното, ако верував на нив (немаше да има Стиховно), биди скромен, не се кревај со илјада аплаузи, да знаат дека можеш да раздрмаш и милион раце, па и цел свет, (цел свет), но и без сè (без сè), јас ќе бидам твојот грб од твојот родител. РЕФРЕН

Похожие видео