DIO - Parche zivot HD

03.11.2016
Артист: Дио Трака: Пaрче живoт Албум: НадСвест Година: 2016 Текст: Прв дел: Зар не ли гледате времето вака минува, секој замислен во себе тајно поминува. Настинува...духот кога го губиме детето, дува ветерот во просторов владее теретот. Во систем Error/от, тумор голем, во ум болен, мислите ли дека е кул да си доле? Отвори очи убаво и гледај, живееме во беда секојдневна, а сме во душа ко Џедај. Многу силни, но силни само во себе, во просторов не нема ете, времето не зема бетер... леле... оуу колку боли, живот пука вистински не пука со дијаболи! Среќата батали, ја затворивме ко мали...заборавивме, што навистина среќни не прави! ооу да! Затоа сум тука сега ја, рај ќе најдеш само во себе знај..КРАЈ! Втор дел: Дете молчи, живот горчи, плачат очи, нема почит, не се кочи. Викни гласно, нека е јасно, опасно...музика лизга како масло. Оу..дали чувствуваш дур вака говорам, ил во друга трака да поновам. Способни сме СЕ да направиме, одма не успеваме па со сите се караме.. Се каеме, но после веќе џабе...другарство се растура да одиш нема каде. Боли, кога некој врти грб, а уште повеќе боли кога некој твој е во гроб. Па нема каење...доста сте во беда, доста паѓање, овој рап го оставам ко аманет. За вие младите, да правите..од овој пример, како животот преку хартија си иде!

Похожие видео