СДС го погази Уставот, законите и деловникот за работа на Собранието. СДС ја погази демократијата! HD
Говорник: Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО ДПМНЕ Датум: 30.04.2017 Почитувани, СДС изврши обид за државен удар. СДС го погази Уставот, законите и деловникот за работа на Собранието. СДС ја погази демократијата во обидот да го прогласи Талат Џафери за Претседател на Собранието. Одговорност за ваквото антидржавно однесување мора да има. СДС изврши политичко насилство кое подоцна резултираше со физичко насилство. Ниедно насилство не смее да се оправдува, но СДС има најмалку право да ги прогласува за терористи народот и граѓаните на Македонија кои 60 дена мирно протестираа и без ниту еден инцидент го изразуваа своето несогласување со Тиранската платформа и распродавањето на државните и национални интереси. Одоговорност за насилството мора да има. Не смее пратеник, па макар бил и Зоран Заев да издава наредби за да се пука во Собранието. Тоа е невиден преседан не само во Македонија туку било каде во светот. Дали Зоран Заев е свесен за последиците од пукањето доколку некој рикошетиран куршум завршеше во некој од граѓаните ? Дали полицискиот службеник кој го послушал Зоран Заев е свесен дека тој не смее да постапува по партиски наредби, туку единствено согласно законот и процедурите? Одговорност мора да има. Целата јавност беше сведок како Зоран Заев отпочна со реализација на црното сценарио од Тиранската платформа. Целата јавност беше сведок на срамниот и шверцерски обид да се заобиколи Уставот, законите и деловникот на Собранието. Секое кршење на законите и процедурите води во насилство и анархија. Зоран Заев беше свесен за тоа. Зоран Заев свесно одлучи да ги испровоцира и предизвика граѓаните, реализирајќи го овој срамен чин после 18 часот, во времето кога веќе два месеци пред Собранието мирно протестираат стотици илјади граѓани од иницијативата „За Заедничка Македонија“. Зоран Заев се надеваше дека доколку се излие револтот на граѓаните, на таков начин ќе го покрие политичкото насилство на СДС. Еве кои се одредби ги прекрши СДС во обидот да си прогласи свој Претседател на Собранието. Конститутивната седница има легитимен претседавач согласно Уставот и Деловникот. Член 63 од Уставот вели дека Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав и само доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите. Член 9 од Деловникот на Собранието вели: (1) Доколку првата седница на Собранието не ја свика претседателот на заминување, седницата се одржува на дваесет и првиот ден од завршувањето на изборите, во 10,00 часот, а ја свикува најстариот по години избран пратеник, ако и тој одбие да ја свика, тоа право преминува редоследно на наредниот по години избран пратеник, се до избраниот пратеник кој ќе се согласи да ја свика првата седница. (2) Пратеникот кој ја свикал првата седница, претседава со седницата на Собранието (во натамошниот текст: претседавач), додека новоизбраниот претседате