Bob Mc - Bez Tebe

25.06.2015
Bob Mc - Без Тебе 2015 Музика: Дејан Трајчевски(ТПЦ) (Sampled & Composed) Микс и Мастеринг: Дејан Трајчевски (ТПЦ) Lyrics: sample: Без тебе ко да паѓа вбездни денот што се раѓа Без тебе нема надеж, каде бегаш правиш грабеж, ладен ветар право вгради вее, нема мира, дождот лее, стега простор тесен душа една без тебе пуста поема кратка безвредна, уметник изгубен седнат на кревки гранки занишани, таа до тебе по навика те учи на статика. Моја најмила! ти си ми навика, јас би те насликал! но нема доволно бои за таа класика! без тебе таксират, ко на сред лето настинат просторот кога тебе те нема се вика празнина не разбирам, кога си до мене сум врела лавина па паничам, јас без тебе сум мртов вулкан впланина сум прашина, не постојам како временска машина јас марширам, по патот кој прави да се соединат ти и јас. јас и ти, скромно, сосем доволно без тебе јас неможам, конечен одговор. Без тебе јас, како песна без глас без тебе јас не сум јас, без тебе регето е транс. Час а ни минута, брзо не поминува стрелката е slowmotion се дур не си ти тука. Ми фалиш како титула на мојот фудбалски клуб! Ми требаш ко лудачка кошула, без тебе сум луд! Без тебе сум како, политичар без сако без тебе сум како, Bob Mc без рапот. Затоа биди тука, требаш, миг наш делиме, врежан ко жиг на тело мое, вдуша сит сум без ѕид ти ми си графит кога сме заедно рушиме и Берлински ѕид ти моја божица, заедно правиме мит! Бол во гради, ако некој друг те кради без тебе сум мал и осамен ко кошот меѓу згради. Се всади во точка која ја викаат слаба во нашата бајка со тебе принц без тебе жаба.

Похожие видео