Христовата радост низ каландите - (Хор при св.Петар и Павле - Кичево 2022) HD
Дебарско-кичевска епархија, возглавена од почитуваниот митрополит г. Тимотеј, по желба и иницијатива на Игуменот на Бигорскиот манастир, Епископот Антаниски, г. Партениј, пред скоро една година беше основан хор по источно црковно и традиционално пеење. Истиот тој, сакајќи да ја сподели со сите претстојната радост за Рождеството Христово, во соработка со студиото „Mini musician production“ на истакнатиот музичар и професор нашиот пријател Бојан Ѓошиќ, фотографот Саше Лазарески и неговото студио „Media Centar/Медиа Центар“ во соработка и медиумско покровотелство на нас ПортаМК не почестија, компонираа и снимија дел од таканаречените каланди, песни кои по обичај се пеат особено во периодот на празниците Божик, Василица, Богојавление и други. Уживајте во прекрасната најава во изведба на хорот при црквата св. Петар и Павле - Кичево. All rights are reserved and protected Davy Corporation ©2022