СДСМ продолжува со манипулацијата HD

28.05.2012
Почитувани, СДСМ продолжува со манипулација на деца кои немаат никаква допирна точка со матните зделки кои ги изведе нивниот шеф Црвенковски, тие се погодни за манипулација и за жив штит и саможртва околу нивниот капо ди тути капи. Тоа е нечесно и тоа се вика злоупотреба на деца, кои говорат брутални невистини, и покрај тоа што испаѓаат недоветни и смешни, тие клеветат по нарачка, но ние нема да ги тужиме, бидејќи се деца, и жалиме за нивната злоупотреба. Продолжуваат со тактиката мижи да ти бајам и дрско и потценувачки сакаат да не убедат сите нас 2 милиони живи души, самосвесни граѓани, дека кога тие беа на власт течеше мед и млеко. А дека маките на стечајците, татовците, избрканите од работа, ограбените пензионери, понижените студенти не се случиле, или не се дело на нивниот Црвенковски кој тогаш беше премиер, туку на некој друг. Работниците кои беа опфатени со аранжманот ФЕСАЛ 2 беа доведени во драматична состојба токму како резултат на криминалната приватизација која ја спроведе Црвенковски, кога се обезвреднија над 600 фабрики, а 198 000 работници беа избркани од работа. Меѓу нив, овие работници од фирмите од ФЕСАЛ 2, не беа подмирени со аранжманот ФЕСАЛ 1 кој го склучи Црвенковски во 1995, а за кој како пратеник гласаше таткото на малиот Давитковски кој сега држи бесмислени конференции, при кој аранжман Црвенковски зема 60 милиони долари кредит за да ги подмири работниците, но средствата исчезнаа а работниците не ги видоа, за потоа владата на ВМРО-ДПМНЕ преку арнжманот ФЕСАЛ 2 да обезбеди по 12 отпремнини за секој вработен, да обезбеди 2 години паричен надоместок по основ на невработеност за секој работник, и да ги исплати сите заостанати придонеси на секој работник кои Владата на Црвенковски ги немаше платено 4 години, и за сите овие подмирувања на заостанати долгови од времето на Црвенковски, владата на ВМРО-ДПМНЕ исплати 70 милиони долари. Ова се вика автогол, кој си го даде СДСМ денес, и ние сме благодарни што ни дадоа можност уште еднаш да потсетиме на вината на Црвенковски за приватизацијата, која е огромна и никој не може да ја избрише, а најмалку овие невини деца кои манипулираат. Дел од компаниите од ФЕСАЛ 2 аранжманот, потоа беа рестартирани како Југохром и Фени и дел од работниците се вратија на работа, за разлика од Кожара, стаклара, железара, кои Бранко ги уништи а работниците ги прати дома. Затоа граѓаните гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, тие имаа можност да видат во изминатите години кој се грижеше за нив, а кој беше против нивните интереси, и тоа во 6 изборни циклуси со подршката на ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат, граѓаните не може да ги излаже Црвенковски, тие се луѓе со свест и разум и не трпат потценување како што Црвенковски им прави деновиве, и затоа повторно ќе го казнат на избори.

Похожие видео

Показать еще