Vratnica - Manastir Sv. car Konstantin i carica Elena

31.05.2014
Манастирската црква Св.Цар Константин и Царица Елена, познат како Вратнички манастир се наоѓа на крајниот североисточен дел на Долни полог, во подножјето на Шар Планина, под врвот Љуботен. Територијално, всушност манастирската црква се наоѓа во самото срце - центарот на Вратница во рамниот дел на месноста Често Дубје, завиткан во густа дабова шума. Манастирската црква, е оддалечена 23 км од Тетово и се наоѓа на надморска височина од 700 метри, од каде има прекрасен поглед кон преубавата и недопрена природа на Шар планина. Самата местоположба на манастирската црква придонесува за атрактивноста на истата, од каде секој добронамерен посетител може да го почувнаствува допирот на небото - духовниот мир и допирот на земјата -- природниот мир.

Похожие видео