Ensemble Macedonia - Bitola 2018 HD

10.05.2018
Ќе имате можност да проследите нови репертоарски содржини како и најдобрите сценски адаптации на Ансамблот. Ансамблот е составен од: студенти од Катедрата за етнокореологија при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, и ученици од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ Уметнички менаџер: Владимир Јаневски Музички менаџер: Тимко Чичаковски ПРОГРАМА 1. Дренок – ора и песни од Голо Брдо 2. Тешкото – машко оро од Мијаци, Река 3. Гачки – велигденски обредни игри од Порече 4. Железник – ора и песни од Железник 5. Садило – ора и песни од градот Охрид 6. Калач Тетовски – чалгиска изведба од градот Тетово 7. Дојди Радо – женска песна од градот Скопје 8. Чангулово – машко оро од Малешевија 9. Шабане пиле мајкино – машка песна од селата Урвич и Јаловјане 10. Јаребичице порпоричице – женска песна од селата Урвич и Јаловјане 11. Шупелково – оркестарска изведба 12. Јорде ќ оди туѓина – женска песна 13. Грабиле гу Смиљану девојку – ора и песни од Скопска Црна Гора

Похожие видео

Показать еще