Археолог Паско Кузман - интервју
Археолог Паско Кузман е роден во с.Вапила, охридско на 15.10.1947 год. Гимназија завршил во Охрид, студирал медицина и право во Скопје и Белград, а студии по археологија завршил на Филозофскиот факултет во Белград, Србија и Црна Гора. Од 1979 год. работи во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид, како советник археолог за праисториска и протоисториска археологија. Вршел теренски истражувања во земјата и во странство. Во последно време се занимава со подводна археологија на Охридското Езеро. Со свои трудови учествувал на повеќе научни симпозиуми во земјата и во странство, а има објавено околу четириесетина стручни и научни статии и трудови, како и две монографии за некрополата Требеништа, Три Чељусти и Вртуљка (научен труд, 1985) и Уметноста на Требеништа (научен труд, 1998). Претседател на Македонското археолошко научно друтво, 1982-1990. Член на Претседателството - Извршен одбор на Македонскиот национален комитет на ИКОМОС во три мандатни периоди (од формирањето до 2005 год.). Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година. Член на Претседателството на Македонското археолошко научно друштво, со седиште во Скопје. Претседател на Поткомитетот на ИКОМОС за Подводно културно наследство на Република Македонија - Скопје. Член на комисијата за "Охрид-УНЕСКО" при Националната комисија за врски со УНЕСКО, Министерство за култура на Р. Македонија и Министерство за екологија на Р. Македонија. Награди и признанија: * Награда "Свети Климент Охридски-Патрон на Охрид" за особен придонес во подемот на Охрид, 2001 година. * Светиклиментов орден III ред на Македонската православна црква, 2002 година.
Похожие видео
Показать еще