CITY PARK BOYS (кк Работнички - кк вардар) 15.10.2011

15.10.2011
На оваа неодиграна утакмица бевме сведоци на една ЛАКРДИЈА од страна на претседателот на кк вардар и неговата одлука да и покрај кеш уплатата на кк Работнички која беше направена со записник заради казните од минатата сезона и молбата истата да се уплати во истиот момент во пошта ја повлече екипата и не сакаше воопшто да го почне натпреварот. Инсистирањата и молбите доагаа од секаде, од клупата и управата на кк Работнички, од комесарот од кфм, од судиите..., па дури и играчите и дел од управата на кк вардар, сепак тој не ја смени одлуката ја повлече екипата и си замина. Комплексот е голема работа поготово кога станува збор за долгогодишниот шампион на Македонија. Ке го сватиме и ке му простиме затоа што тоа е човечно, но сепак веруваме дека тој нема да спие мирно. Мораме да им се заблагодариме на верните "CITY PARK BOYS" кои беа ЕДИНСТВЕНИ во намерата да се одигра утакмицата и во најкус рок ги собраа оние фамозни 300,000 денари кои беа понудени за плакање на казната. Вакви навивачи само на сон може да посака еден клуб затоа што тие се ЕДНИ и ЕДИНСТВЕНИ! ....

Похожие видео