Dali postoi zivot posle ragjanje? HD
..:: Дали постои живот после раѓање? ::.. Жена очекува близнаци. Се ближи денот на пораѓањето, а двата фетуса разговараат... - Дали ти стварно веруваш во живот после раѓање? - Па да... мора да постои нешто после раѓањето. Можеби затоа сме овде, за да се припремиме за она што нè чека... - Глупости, не постои живот после раѓањето. Како воопшто би изгледал таквиот живот? - Не знам точно, ама таму сигурно ќе биде подобро од овде. Можеби ќе го видиме големиот и широк свет и можеби ќе трчаме... - Будалштина! Да трчаме, како па да не. Дури и да постои таков свет, а секако дека не постои бидејќи никој не го видел, не би можеле да одиме многу далеку, нели гледаш колкави ни се папочните врвки, а преку нив се храниме... - Ама во надворешниот свет ние ќе се храниме на друг начин, папочната врвка воопшто нема ни да ни биде потребна. Ќе јадеме. - А што би било тоа? А и одма би се изгубиле... - Па можеби таму ќе можеме да гледаме каде сме, полесно да се снаоѓаме. - Што значи тоа ,,да гледаме"? Демек сега не гледаме? - Па темница е, надвор ќе биде светло... - Не постои светло. А и јас не би сакал да живеам во таков свет, нема сигурност, ништо не би знаеле, не би се снашле... - Па ќе имаме мајка, таа ќе се грижи за нас! - Мајка? Каква глупост... и ти веруваш во тоа? Па добро, каде е таа мајка? - Мајката е насекаде околу нас. Ние сме во неа и благодарение на неа ние живееме. Преку неа сме создадени, без неа воопшто не би постоеле. - И во тоа не верувам! Никогаш не сум видел никаква мајка, а со самото тоа е јасно дека ништо слично и не постои. Не постои живот после раѓањето и тоа е тоа. И кажи ми... има ли некој што се вратил од таму за да ни раскаже? - Вистина, до сега никој не се вратил од таму да ни раскаже, ама сепак, јас верувам дека дури после раѓањето почнува вистинскиот живот! - Само ти надевај се... А Исус ѝ рече: ,,Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој што живее и верува во Мене, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?" - Јован 11:25-26 Музиката е изготвена од: http://www.jamendo.com/en/artist/mindthings и користена под лиценца на Creative Commons (Attribution - Noncommercial 2.0) Клучни зборови: Живот Раѓање Раѓањето Смрт Смртта Задгробен Рај Пекол Исус Христос Воскресение Вечен Бебе Близнаци Ехо Снимка Мајка Мама Доење Папочна Врвка Вркви Врквца
Похожие видео
Показать еще