Skit Skitara - Tip Top Tipka HD

04.07.2010
Video by: LB & Toksikologija Kamera i svetlo - Ivan Soluncev Montaza i post produkcija - Stefan Naumovski Скит Скитара или Дејан Јанушев е роден 1987 година во Скопје, кој е познат како продуцент, текстописец и вокал. На 15 години заедно со својот другар Марко Слаткаристика ја оформуваат Хип Хоп групата "Единствена Опција" и во 2004 година го издаваат Албумот "Рап Тврдина". Настапувал на престижниот музички фестивал "Егзит" во Нови Сад, а во 2008 година заедно со Пука Козметика, Слаткар, Ел Мариачи, Боро Лаказ, Кацар, Желе, Сиги, Аце НЛ, Че и Дј Димитриј Је Ја, ја оформуваат групацијата "Токсикологија" Познатиот продуцент и автор на хип хоп музика, Скит Скитара наскоро ќе го издаде својот прв соло албум. Првенчето насловено "Скит го има она...маафака" треба да излезе кон средината на Јуни 2010 година, во издание од Јованов Рекордс во соработка со Токсикологија музик. Албумот се најавува како нешто ново и нечуено, а повеќе внимание ќе биде посветено на музичките и пејачки способности на Скит Скитара. Од Јованов Рекордс велат дека неговиот стил се издвојува од сите досегашни рапери и музичари, а како гости на албиумот ќе се појават Кацар и Лакомото МЦ. Скит Скитара во своето првенче ќе се појави не само како артист туку и како кант автор на сите песни. Продуцент е на сите големи хитови на групацијата "Токсикологија" како што се "Ново Лисиче Будало, 4екераукц, Смеј се и пеј, и многу други. Гостин и продуцент е во новиот албум на Тони Зен, а под негова продуцентска палка е и новиот хит на Тамара насловен како "Мое Време"...

Похожие видео

Показать еще