Твојте очи Лено мори. Елена Стевковска. hd. HD

25.01.2016
ТВОЈТЕ ОЧИ ЛЕНО МОРИ-ИСП.ЕЛЕНА СТЕВКОВСКА,ОРК, КУД ΜΑΚΕДΟΗКΑ ΟΧΡИД. КОГА ИЗВОРНАТА МАКЕДОНСКА МУЗИКА Е ЉУБОВ, ПРОФЕСИЈА И ХОБИ Елена Стевковска каде и да настапува - победува Со само 21 година Стевковска, вокален солист и играорец во Националниот ансамбл Танец, е добитник на три највисоки признанија на меѓународни фестивалски натпревари по фолклор и традиционално пеење Елена Стевковска, вокален солист на националниот ансамбл Танец и играорец, со само 21 година е добитник на три највисоки признанија на меѓународни фестивалски натпревари по традиционално пеење. Во 2007 освојува прва награда во солопеење на меѓународниот фестивал "Фолклор без граници", во Албена, а по две години и гран-при на истиот Фестивал. Годинава во јануари доби и прва награда во Прага, Чешка на фестивалот "Зимна походка" во конкуренција на над 300 изведувачи од цел свет. Наусо кажано, каде и да настапуваше досега - победуваше. Македонската изворна музика, како што вели, е нејзин живот, а таа слободно може да се нарече еден од најперспективните млади презентери на македонскиот фолклор и традиција. - Денот ми е исполнет со слушање музика и пеење, а љубовта кон музиката е наследство од моите родители, кои, исто така, се занимаваа со музика како аматери, па и мојот помал брат е играорец. Уште од петгодишна возраст членувам во културно-уметничките друштва, завршив средно музичко училиште, оддел за традиционална музика, а сега сум и на Факултетот за музичка уметност во Штип на етнокореологија. Живеам со македонската изворна музика, тоа е и мојата професија и моето хоби, вели Стевковска. Учествуваше на три натпревари и од еминентните експерти доби највисока оценка. Сега ја чекаат и настапите во Париз во април и во Дрезден во јуни. А за успех е потребна и работа. - Во Танец активно пеееме четири часа дневно, но јас сум со музиката постојано. Слушам изворна музика, бапчорки, костурчанки, мегленки, воденки..., а Васка Илиева, Вања Лазарова и Никола Бадев ми се репери во однос на она што уште ми недостасува и на што треба да работам за да ја усовршам мојата интерпретација. Во иднина планирам да продолжам на усовршување на техниките на пеењето, додава Стевковска. Слободно време за дружење речиси и да нема, работи, студира и е инструктор во КУД "Владо Тасевски", но како што вели и не и недостасува многу, бидејќи е окружена со луѓе што ги сака. Наскоро треба да се појави и видеозапис на една од песните кои ги интерпретира Стевковска, а набрзо и ЦД со градски и традиционални песни што ги изведува таа, што претставува и еден вид промоција на нејзината работа. Наградите на Елена не се случајни- Даниела ТРАЈКОВСКА: 14 февруари 2010

Похожие видео