TONI ZEN - PISMO + Lyrics (SLUSHAJ !!!)
х2 Долго време помина и се е така исто За некој е прљаво, за некој е чисто Живот тече брзо, и се е така исто Светов полуде за тоа пишувам писмо Кажи ми Господе како е во рајот Сакам да знам пред да ми дојде крајот Дали има неправда, дали има дискриминација Или само една боја, еден јазик, една нација Изгубена генерација, овде доле е без цел Нема мисија да го смени светов од црн во бел Дали има таму страдање и дали има војни Или сите се браќа сите се спокојни Дали има трагедија, или има само хумор Дали е мед и млеко, или рак, сида, тумор Сакам да знам дали таму земјата се тресе Природни незгоди, и дали човекот под стрес е Дали има политика во уметност и спорт Дали можеш да му веруваш на човек од збор Дали има пороци, дали има криминал Дали се врти се во пари, бизнис прљав како кал Дали има граници, дали се тепаат за виза Дали треба да се шитнеш, да избегаш од криза Дали има данок, дали има скапа ќирија Може ли да издржи една скромна фамилија Сиромашниост се осиромашува,богатиот се збогатува И да умреш се наплатува, Дали се цени по душа или пари, Овде има гладни на улица млади и стари Дали таму убиваат, дали лажат и крадат Дали може сите слободно да се хранат Проклетството на човештвото се парите И парите у курац, отидоа за оружје, биолошки војни нуклеарен напад, си играат индијанци-каубојци како на запад, нема грижа на совест како и луѓе без ум фрлаат бомби од шала се слуша само бум бум Има многу деца не им е место таму Владее терор, ништо не е сигурно ваму Ти пишувам и чекам одговор еден ден Поздрав искрено твој - Тони Зен х2 Долго време помина и се е така исто За некој е прљаво, за некој е чисто Живот тече брзо, и се е така исто Светов полуде за тоа пишувам писмо
Похожие видео
Показать еще