Жито Лукс - Што е пастеризација? HD
Пастеризацијата е чекор од технолошкиот процес на производство на долготрајните лебови на Жито Лукс. Овој чекор следи по пакувањето на лебот и претставува повторно печење на лебот при соодветни услови, во посебна печка. Пастеризацијата овозможува да се одржи свежината и рокот на производот подолг период без употреба на конзерванси. Со овој процес се уништуваат можно присутните расипувачи на храна, како што се мувлите, поради што производот останува подеднакво хранлив, вкусен и свеж подолг временски период, неотворен. Пастеризацијата, како процес, се применува и при производството на млеко, со што од дневен производ млекото има преминато во производ со подолг рок.
Похожие видео
Показать еще