Билбилпее - Зарина Првасевда
Zarina Prvasevda https://www.facebook.com/eva.gordon.92/posts/10213830557511897 За луѓето што ме прашуваат често кога ќе ме видат на работно место во некој продажен салон - „ До кај си со музиката? “ . Пред некое време, со многу љубов и ентузијастично направив проект за ставање на носач на звук (снимање албум) на традиционална музика, кој покрај својата мултикултурна содржина како таква, носеше богатство на песни од нашиот корен и култура, од Егејскиот и Пиринскиот регион,потоа Ромски и Албански, Тракијски... песни до сега не снимени нити отпеани. Се разбира, тоа не беше планирано да биде аматерски проект, бидејќи беа ангажирани професионалци кои се бават со овој тип на музика, како С. Стојковски, како Р. Даутовски и слично. Некои ми даваа памет, оди поднеси во Министерство за култура, има конкурс, сега е нова екипа, не е ко со ВМРО, а други пак, изгорени, велеа...немој, ако немаш врски само ќе се разочараш. И верував на екипата, искрено и наивно... верував дека промената овојпат ќе биде нешто различно. Ех. Ја имав (не)среќата татко ми да не е владика, а мајка ми попаѓа ич. Проектот не ми е одобрен. Не пола, не третина - ниту денар! Она што ми останува како опција е следно : пеење свадби и други приватни веселби, работа во продажни салони и бутици или пасошот во рака... А што е со уметноста? Што е со музиката? Кој ако не ние? Кога ако не сега? Еве не знам, како човек на 24 години кој сака да прави традиционална музика, со „ цел преку неа,потсетување/будење на идејата за мултикултурализам, враќање/обнародување на заборавената автентична музика со сите нејзини специфичности, поттикнување интерес за традиционална музика од различни етникуми од сопствениот и најважно, доближување на изворната музика, инструменти, техники на пеење пред се кон младиот човек од мојата генерација “ - Ок, можеби ова не е валидно, не е издржано. Можеби едноставно не заслужувам. А можеби пак во крајна линија и не сум доволно талентирана... НО, Нела Витошевич, другари, заедно со сопругот - неколку проекти, илјадници евра в куќи, детенце од 10 годинки, 10000 евра - албум...и да не зборувам и да не набројувам...на сите со среќа да ви е, со арно да си ги арчите. Размислував да премолчам. Но немам веќе ни зошто. Денес отидов да поднесам документи за странски пасош пријатели... Ќе си одам. Ќе си одам од државата што не ме мотивира, од оваа што со години само ми зема - ништо не ми дава, од местото каде „ Ситиот - гладниот не го верува!“. Порано и се лутев на Бугарија што ми го зема братот, кој денес е среќен човек со сопствена музичка кариера таму, (кога сме кај патриотизмот - тој сеуште е само Македонец), денес и сум благодарна подеднакво толку колку што и сум љута на сопствената татковина што ми го зеде него и еден куп други квалитетни деца и пријатели кои денес се успешни и среќни луѓе во туѓи држави и затоа што мене ме брка...и тоа на клоци. Денес сум убедена дека каде и да одам, тоа што го правам повеќе ќе биде вреднувано отколку во сопствената држава каде треб