05. Poetika ft. Dimitra Cilevska - Ego HD
Албум: Поетика - "Ултиматум" Музика/Микс и Мастеринг: Дејан Трајчевски ТПЦ Tекст: Поетика, Димитра Цилевска - Рефрен Дејан ТПЦ: Не сакам да пишам вака зошто текстот допира, па не ми пуштај рака ако неќиш вистина со горчина, утрово се разбудив гневен на се, на неа и на тебе дека грб сте свртиле, сакаат искреност па им ја давам, ти кривец бараш... во мене, за тоа те гризе совест - гарант, што да правам, кажи како ќе е вратено? знам да сакам значи ке те повредам - ненамерно, чудни маски на карактери непознати, зошто просто кога можи комплицирано? - ме дозна ти, им дадов рака за да станат и ги туркав напред, неќам возврат ништо доста ми е "здраво брате", да пишам за тебе не сакам, зар се најде во песнава? ако е така не сум јас крив - ти си, премногу невистини совест те гризи, знаеш искрен сум и тогаш кога не треба... извини, раката пиши очите што гледаат, ушите чуле ама што е вистина сеуште не знаат, и не сум рапер туку текстописец, а што си мислел...правам песни за да бидам виден, ха? Рефрен - Димитра: Времето не е на наша страна, те остава сам со его на рамо, патот кај води којзнае, не можам да допрам до тебе, дај ми еден поглед и еден збор за крај, а гневот те потопи знај... Владе: Годините брзо поминаа модерното време пристигна, Продај го другарството пополни ја празнината во душата, Искреноста ретко ја има ти ја давам послужи се, ја искористи максимално сега слободно фрли ме, Па нели до крај ќе одевме сега види каде сме, Со луѓе олоши околу себе се знае ништо не правиме, Без влакна на јазик ќе плукам јас на нив, Тие биле полни со љубов а не знаев дека биле лажни, Издржи кога е тешко зошто после е џабе, Утеши ги тие покрај тебе биди му ти нивна надеж, Таков сум растен борбен за подобро утре, Таков сум растел, и таков сум уште. Рефрен Јове: Оваа рака пишела и ќе пишува за вас, Дека секој ден повеќе нешто недостасува, Сивилото не престана да диши со нас, Затоа стилото не престана да пиши за тоа, А колку тешко е да пребродиш сам, Во светот суров без хармонија грам, А јас пишувам за тоа бидејќи премногу тежи, Но ништо не се смена само приказната ежи, Денес е така утре ќе биде историја, Само лист на подот фрлен во темна просторија, Некому ќе значи неа најмногу од се, Сигурно некому ќе биде причина за солзите, Едни од многуте што заедно ги сронивме, Во паркот на клупите, со звукот на птиците За кругот и римите, за студот и пругите, За се што бевме среќни, што им пречеше на другите Би дал се што треба да се врати тоа, Но времето си врви а проблемите се бројат, Годините се зад нас дај им причина да живеат, Реката е длабока но живот плови низ неа... Рефрен