Изјава на Милан Андоновски (14.10.2010)
Почитувани, Јас настапувам од позицијата на дипломиран правник со повеќе од децениско искуство од струката. Досега десетина пати ги извадивме документитите од кои може јасно да се види дека Стевчо Јакимовски го крши договорот за Закуп на објектот Галеб. Во договорот за закуп за деловниот простор Галеб кој што фирмата на Стевчо Јакимовски го склучува со Гази Баба, во член 6 став 2, стои дека Закупецот деловниот објект може да го издаде во подзакуп под услов закупнината да биде плаќана на закуподавачот дирекно од подзакупоцот. Оваа фактура, ни повеќе ни помалку, покажува дека спротивно на договорот средствата од закупнината наместо на сметката на Општина Гази Баба, оделе директно на сметката на фирмата на Стевчо Јакимовски Кит Консалтинг. Ова не се документи кои ги измисли ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту г. Бичиклиски, овие документи кажуваат дека на сметката на фирмата во сопственост на Стевчо Јакимовски, спротивно на договорот за закуп биле вршени дирекни исплати, што не е во согласност со одредбите од основниот договор. Неговите најави за тужби се само израз на нервоза. На Стевчо му е јасно дека е фатен на дело. И затоа го охрабруваме да го тужи не само Бичиклиски, нека го тужи цело ВМРО-ДПМНЕ. Вистината е една единствена, Стевче лаже и тоа ќе излезе на виделина. ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена, но не поради митингот на СДСМ, туку поради тоа што Бранко Црвенковски останува на кормилото на СДСМ, како човек кој нанел убедлива штета во минатото и кој не ветува ништо подобро за граѓаните во иднина. Од партиска призама тоа е добро за ВМРО-ДПМНЕ, но жал тоа е исклучително лошо за државата. Ние повторно ќе имаме опозиција која ќе биде деструктивна, агресивна, нервозна, и на која единствен интерес ќе и биде враќањето на власт. Опозиција која нема да дава ниту предлози, ниту идеи за доброто за граѓаните. Навистина е трагично што Бранко Црвенковски останува во политиката, но уште потрагично е што негова единствена алтернатива се Велија Рамковски и Стевчо Јакимовски. Со овие луѓе Македонија уште долго време ќе нема здрава опозиција. Ви благодарам на вниманието