Локвенец јавно да ги спротивставиме визиите за Прилеп HD

09.08.2012
Почитувани, Господинот Локвенец, пред граѓаните на Прилеп беше претставен како кандидат на СДСМ за градоначалник и од тогаш помина еден месец, а од него ни трага ни глас во јавноста. Го нема г. Локвенец да излезе и да образложи кои се неговите визии за Прилеп, да ги сподели неговите одржливи проекти, кои треба да им го подобрат животот на граѓаните, ако воопшто може нешто такво да им понуди. Наместо тоа, Хари Локвенец очигледно е зафатен со сопствениот бизнис и градежната експанзија, нема време да одговори на прашањата кои ги поставува целокупната јавност во Прилеп. Вети дека ќе ја претстави својата визија и дека ќе слушаме за проекти и реални работи, вети дека има визија како, со кого и по кој редослед ќе спроведува проекти. Господине Локвенец, прилепчани точно тоа и ве прашуваат како, со кого и по кој редослед? Досега Хари Локвенец не покажа ниту еден нов човек, единствено можевме да го видиме како добива поддршка од старите раководители на јавните претпријатија, кои истите ги оставија во долгови и со неисплатени плати. Значи ли тоа дека Пирганоски, Сливоски, Ѓорѓиоски, Герамитчиоски и Александар Спиркоски -- Џемо, бившите функционери кои го оставија Прилеп на колена, ќе бидат тим со визија за иднината на Прилеп. Овие луѓе доволно добро му ја скроија иднината на Прилеп. Го оставија затрупан во долгови, без ниту еден капитален проект за градот, без ниту една изградена улица. Таквите луѓе прилепчани изминатите години континуирано ги казнуваа на избори. Жалиме што Хари Локвенец не се одважи ниту еднаш да се дистанцира од нивната работа. Дозволи токму тие луѓе да му ја водат кампањата и неговата промоција во Прилеп. Затоа, го покануваме уште еднаш, јавно, да излезе да го покаже тимот со кој ќе управува со јавните средства и да ги спротивставиме визиите за доброто на Прилеп. Граѓаните имаат две различни понуди, едната е понудата на ВМРО-ДПМНЕ, проверен тим кој она што го ветил и го остварил и зад себе има конретни дела и проекти и од другата страна е СДСМ и Хари Локвенец, човекот кој својата визија ја темели на старите кадри на СДСМ, кои доволно долго имаа шанса да направат нешто за Припеп, а не оставија ниту еден единствен проект.

Похожие видео