Еколошка акција: Ајде Македонијo, Македонија без отпад!
Почитувани, Водени од чувството на одговорност и грижа за животната околина Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, денес, се вклучи во еколошката акција Ајде Македонијo, Македонија без отпад! Свесни сме за значењето на оваа акција и сме со јасна намера да направиме нешто убаво за себе и за природата. Земјата е единствената планета во вселената која со свјата величествена моќ и природна рамнотежа, несебично ни ги раширила своите прегратки за живот. Затоа ние треба да и возвратиме со иста мера, со грижа, внимание и љубов . А човекот, како нејзино ремек дело со низа свои постапки ја нарушува таа совршено исткаена природна рамнотежа немислејќи за својата и иднината на Земја. Затоа денес преку оваа акција сакаме да потенцираме дека човекот треба да и каже збогум на својата себичност и дека време е за повеќе грижа, љубов и внимание. Ние тоа и го должиме на Земјата, и сакајќи ја неа, се сакаме и себе си. Ние, имаме иднина.
Похожие видео
Показать еще