Гоце Арнаудов - Струмички студенти + текст HD

11.12.2011
Гоце Арнаудов - Струмички студенти Текст: Сношти ме, мајко, замрачи, по Беласица планина. Крај мало село, нормани, само ѕвезди беа сведоци. Таму си, мајко, здогледав, ѕверови, клети ѕверови. Пет души робје тераа, се со раци назад врзани. Ги видов, мајко, ги познав, младите деца, струмички. Цутови беа - ги откинаа, по ноќта црна ги погубија. Ги видов, мајко, ги препознав, младите деца, струмички. Иднина наша тие сонија, до гроба за Македонија. Беласицо, крикни и заплачи, за петте твои синови. Пеце, Пелев, Јарамов, Толчев и Костуранов. Нивната крв младешка ги натопи твоите дрвја столетни. Македонија на својот пат кон вечноста мора секогаш да ги спомнува петте струмички студенти во илјада деветсто педесет и првата стрелани. Пророни солзи каменот, рикна птица во гората. Пет души казна чекаа, сите верни на Македонија. Пукнаа пушки, пиштоли. Грмнаа стари камбани. Паднаа млади јунаци, Боже, да не се повтори. Ги видов, мајко, ги познав, младите деца, струмички. Цутови беа - ги откинаа, по ноќта црна ги погубија. Ги видов, мајко, ги препознав, младите деца, струмички. Иднина наша тие сонија, до гроба за Македонија.

Похожие видео