Мојата тага - Гоце Арнаудов HD
Исполнува: Гоце Арнаудов и група„Крик" музика: Ванчо Димитров текст: Илија Илиев Небо мојте солзи ти ги украде и пред светот дождој ти ги нарече. Ти со нив се фалиш, а јас полудувам како ли без солзи да си тагувам? рефрен: Мојата тага како Шара голема, мојата болка ко Охрид длабока, мојата душа ко плодна Струмица, јадови раѓа -- жали за неа. Небо ќе се врати утре сонцето, пак ќе бидеш ведро, пак насмеано, јас пак живот в темно ќе одживеам, немоќен за друго ќе си тагувам. рефрен: Мојата тага како Шара голема, мојата болка ко Охрид длабока, мојата душа ко плодна Струмица, јадови раѓа -- жали за неа. Времето топи, топи шарски снегови, времето мири, мири води охридски, душава моја ко плодна Струмица, јадови раѓа -- жали за неа.
Похожие видео
Показать еще