Крсна Слава - Македонски народен обичај
Србите тврдат дека крсните слави се српска традиција и секој кој слави слава е Србин. Но, тоа е далеку од вистината. Србите христијанството го прифаќаат подоцна од Македонците; познато е дека Охрид како културен сесловенски центар образувал свештеници, кои се испраќале по сите словенски земји, вклучувајќи ја и Србија, па христијaнските чествувања и традиции, Србите ги имаат прифатено од нас Македонците. Славење Слава за прв пат во историјата е забележана од византискиот историчар Скилица и тоа кај Војводата Ивец (XI век)- војсководец на македонскиот цар Самоил, но и последен македонски феудалец од Драч кој се опирал на Византија! Значи, можеме сосема одговорно и историски потврдено да говориме дека крсните слави се македонски обичај. Доколку ви се допаѓа, ве молам ставете рејтинг.