МАТУРСКА ПАРАДА, Струмица 2012, на 18 мај...

19.05.2012
Струмица е повторно дел од Европа. Струмица повторно го покажува својот раскош и убавина. Колку и да е убав овој град, уште поубав го прават луѓето, особено младите. 519-те матуранти од трите средни општински училишта во Струмица "Јане Сандански", "Никола Карев" и "Димитар Влахов" денеска точно напладне, истовремено со нивните врсници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија, на плоштадот "Гоце Делчев" танцуваа осум минути "квадрил" во рамките на меѓународната манифестација "Матурска парада 2012". Матурската парада за прв пат се одржала во Љубљана во 2001 година од страна на идејниот творец Томаж Амброж од Танцовата школа "Уршка" од Љубљана, а Македонија веќе шеста година е составен дел од меѓународната матурска лепеза. Нашата држава за прв пат се вклучила во Матурската парада во 2007 година кога во неа учествувале матуранти само од Скопје и Охрид. Веќе во следаната 2008 година се вклучува и Струмица, така што годинава Струмица по четврти пат партиципира во оваа манифестација. Осумте минути "квадрил" се осум минути танцување по музиката на неповторливиот Јохан Штраус. Но овој танц има поголема димензија, бидејќи струмичките матуранти истовремено танцуваа со нивните врсници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и од неколку градови во Македонија. Инаку во изминатите 11 години на Матурската парада учествувале 207.000 матуранти од стотина градови од Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора ...

Похожие видео

Показать еще