ЕКСКЛУЗИВНО, Горан Пандев се ожени... 3 јуни 2012, 18:30 часот

03.06.2012
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Горан Пандев, пред половина час, под силно обезбедување, се венча со Надица во Црквата во Струмица, во кругот на најблиските без пристап на новинарите и фоторепортерите. Брачниот пар Пандеви "граѓански" стапија во брак на 26 декември 2009-та, но денеска тие се венчаа и пред Бога во Црквата "Свети Петнаесет Тивериополски Свешеномаченици". Пандев по стапувањето во брак со Надица, кога го очекуваа и новороденчето, најави дека свадбата ќе ја прават заедно со синот Филипо, кој сега има 2 години, но вечерва дел од свадбената веселба ќе биде и нивната шестмесечна ќерка, Ана, која по венчавката на нејзините родители, попладнево, во Црквата имаше Свето крештавање. Вечерешната свадбена веселба ќе биде во хотелот "Сириус" на просторот околу базенот, а како што дознава Радио СтрумицаНет, гостите ќе ги забавува позната балканска ѕвезда од Србија, Аца Лукас. (Р.Ѓ.)

Похожие видео