Казанџиска: Ги избркавте младите од државата
Извадок од говорот на пратеничката Билјана Казанџиска, шесто продолжение од 74 седница на Собранието на Република Македонија. Oваа Влада ќе биде запаметена како единствена која ги крши законите и завршната сметка за 2012 година ја достави до Собранието со задоцнување. Иако според законот за буџет или член 52 од законот е утврдено дека Владата е должна, предлог завршната сметка да ја достави најдоцна до 30 јуни, а вие или вашиот шеф ја доставивте во октомври. Вие кои затворате и селски дуќани за 5 денари, како што беше примерот во село Лакавица, каде што 3 села оставивте без леб, бидејќи сте утврдиле дека сопственикот кој на Рабуш дава леб на селаните не работел законски. Дали сега кај вас инспекциските служби ќе изречат казни? Што ќе се случи ако една мала фирма не достави завршна сметка? Веднаш, експресно ќе биде казнета. Се знае, арач, казни, се што следува, затворање на фирмата. Ама ова не важи за Владата и за министерството за финансии. Сте потрошиле 99.6% од средствата за економска промоција или Владата на Република Македонија за економска промоција потрошила од планираните 540 милиони, потрошила 538 милиони денари за економска промоција, само Владата. Агенцијата за странски инвестиции за економска промоција потрошила 104 милиони. Е сега да ми одговорите колку директни странски инвестиции имавте во овој период каде што потрошивте милиони народни пари за шетање, за фамилијата, на вашиот шеф, неговата сопруга, сопругата на кумот, кумашинот, на сите по ред, бидејќи ве имаше во медиумите како се шетаат по Холивуд, по Лос Анџелес, ама многу е лесно со народни пари тоа да се прави. Вие можете да ги шминкате документите, можете да пишувате директни, недиректни, реалноста е сосема поинаква. Народот гладува, луѓето немаат вода за пиење. Немаат основни услови за живот, а вие се расфрлате со милениумски тркала, со виртуелни села, со кафичи во трумфална порта, со милиони фрлени во музејот за ВМРО-ДПМНЕ и да потсетам дека 99.9% од средствата се потрошени за изградба за овој музеј, што секоја година со ребаланс му префрлате нови милиони. Потрошивте исто така 117 за изградба на спортски сали во основните и 40 милиони за изградба на спортски сали во средните училишта. Ама заборавивте дека пред само неколку дена или една недела во ова Собрание, изгласавте спортските сали да ги дадете под концесија. Пак лажете. Дадовте милиони евра за реклами, ама народот е гладен и замислете 36 милиони евра оваа Влада фрли за рекламирање. За убавината на животот, за трето дете. Од тоа нема ништо, не ги знаеме придобивките, а нема 10 милиони евра за да го реши проблемот на стечајните работници од изборна единица 3. Цели села се отселија, цели градови се отселија, ги избркавте младите од државата. А вие се рекламирате, трошите народни пари.
Похожие видео
Показать еще