Заев во посета на Бит Пазар!

24.12.2013
Тешко за живот, уште потешко за работа. Па не бива веќе вака, мора нешто да се промени. Со овие зборови граѓаните и дуќанџиите од така наречената пластичарска улица му се обратија на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој денес ги промовираше предлог мерките од програмата на партијата во повеќе скопски општини. Луѓето мислат дека на пластичарска големи бизниси и големи пари се вртат. Ама не е така. Оваа власт не утепа со казни и инспекции, само измислуваат нешто, само парите да ни ги земат. Не ја бива, рече еден од дуќанџиите кои поразговараа со претседателот Заев посочувајќи му ги проблемите кои ги мачат. „За чајџилница со 300 денари промет цел ден пишуваат казни од 750 евра" рече еден од дуќанџиите. „Ја знаеме состојбата. Ја поминавме цела Македонија, маката е иста на сите. Ги имаме решенијата. Ќе ги вратиме парите кон граѓаните, ќе создадеме фер и правично општество. Ќе ги намалиме казните за 50% и ќе воведеме опомена пред казна. СДСМ ќе спроведе концепт каде државата ќе ги тргне рацете од бизнисот и ќе му служи" се обрати Заев пред дуќанџиите. Пазарџиите од Бит Пазар со воодушевување го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Топло добредојде и срдечни поздрави. Се тоа надополнето со коментари и желби за успех на вистинските политики во интерес на сите граѓани. Кај се видело на Бит Пазар, народ да има а купувачи да нема. Никој не купува, народ нема пари. Ние на пазар најдобро знаеме кога луѓето имаат а кога немаат пари. Штом не се купува се знае, народот нема пари. Па видете што е, рече еден од пазарџиите. Да ме снимите пред сите да кажам дека ова е добар знак. Заев дојде, а маглава се проретчи, сонце се пробива, додаде друг. Пазарџиите од Бит Пазар го испратија претседателот Заев со аманет, кога СДСМ ќе дојде на власт да се обнови пазарот. „Кога ќе дојдеш на власт да го средиш Бит Пазар како пазарот во Струмица, да го личи. Не вака" Претседателот на СДСМ ја продолжува промоцијата на предлог мерките од програмата на СДСМ пред граѓаните во центарот на Скопје.

Похожие видео

Показать еще