ПВРМ Заев: Ви посакувам успешна, економска и интеграциска година, добро здравје и ведар дух HD

30.12.2018
Доаѓаме до крајот на една од најважните и најчувствителните години за нашата земја. Година на интеграциите. Година кога избравме иднина, наместо неизвесна изолација. Денес, нашата држава е на чекор да стане членка на НАТО и пред почетокот на преговорите со ЕУ. Градиме држава по европски стандарди. Додека ја испраќаме 2018 година, во пресрет на деновите кога низ целата земја се собираат семејствата и пријателите за да се прослават празниците, да се подготвиме за моментите исполнети со радост, задоволство и просперитет на секој план. Во тој дух да го поддржиме и да му дадеме шанса на сонот на нашите генерации. Почитувани граѓани, ви посакувам успешна, економска и интеграциска година, добро здравје и ведар дух. http://vlada.mk/node/16287 #НовогодишноОбраќање _ Влада на Република Македонија на социјалните мрежи: Facebook: www.facebook.com/VladaMK Twitter: www.twitter.com/VladaMK Instagram: www.instagram.com/mkvlada Flickr: www.flickr.com/vladamk

Похожие видео

Показать еще