Јавноста без одговор од Радмила Шекеринска за бизнисите на нејзината братучедка HD
Говорник: г-ѓа Даниела Рангелова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Датум: 10.03.2014 Почитувани, Радмила Шекеринска не најде за причина да даде одговор на јавноста за бизнисите на нејзината братучеда, но затоа, дрско и арогантно, со потценување на интелегенцијата на граѓаните се правда со тоа што ги повикува нејзините роднини да се иселат од државата. Госпоѓо Шекеринска, ниту вам, а очигледно ниту на вашите роднини воопшто не ви е тешко да се селите и да го бирате местото на живеење. Тоа за вас не е проблем. Богати сте и полни како брод. Неколку стана, вили, џипови, приходи од близу десетина илјади евра месечно. Вие и вашите роднини можете да живеете каде сакате. Наместо ваков неприфатлив и дрзок начин на комуникација, кој го практикува госпоѓата Шекеринска, ние повторно настојуваме да се дознае вистината за скандалот со бизнисите на нејзината родена братучеда. Не бил само Заев со братучеди, туку и Шеќеринска. Ваквиот дрзок начин на изигрување на законите за прибирање на пари во фирми на најблиското семејство не било само скандал на Заев, туку начин како СДСМ во целост функционира. Искра Петровска, братучетка на Радмила Шекеринска си добила бизнис од меѓународниот секретар на СДСМ, Јован Деспотовски. Деспотовски според овој документ, како вработен во Секретаријатот за европски прашања бил единствен одговорен да располага со парите кои Република Македонија ги добила како донација од Кралството Норвешка. Јован Деспотовски на братучетката на Радмила Шекеринска и доделил бизнис, без тендер од најмалку 820.923 денари од СЕП. Тоа е видливо од вториот документ, писмо од фирмата на Искра Петровска, братучеда на Шекеринска, до Секретаријатот за европски прашања...