Шекеринска: Оваа Влада во континуитет ги крати работничките права

05.11.2013
Извадок од дискусијата на Радмила Шекеринска од 75 седница на Собранието на РМ. Ако работодавачот не знаел веднаш дека нешто се случило, а што имало негативни последици, наместо 6 месеци, сега ќе може вработениот да го отпушти во следните 3 години. Тоа значи, господа и госпоѓи пратеници дека законот за мобинг можете да го земете, да го скинете и да го фрлите во ѓубре.Тоа денеска ќе го направите со вашето гласање за ваков закон. Затоа што нема да му треба друг инструмент освен овој, на работодавачот, ако некој вработен посака да ја искористи можноста и да се пожали на мобинг, работодавачот ќе му каже, знаеш што? -Пред 3 години ти текнува еднаш кога закасни на работа? Епа јас нема да го користам мобингот, ќе го користам тоа што сум го запишал и после 3 години ќе те отпуштам. Погледнете ги, каде Македонија котира, на листите кои што се однесуваат на работничките права. Погледнете ја на пример листата во поглед на индексот на колективно преговарање за платите, во овој дел од листата најдобра е Германија 3,1, понатаму одат и Србија со 6, Хрватска со 6,9 и Црна Гора со 6,8, Словенија со 5,7, Македонија неславен негативен рекордер со 8,1. Практично, според оваа бројка во Македонија не постои колкетивно преговарање на плати, што е нешто што секој го знае во Македонија, јас не соопштувам чудо. Е сега ќе погледнете една друга индексација и таа конкретно се однесува на законот за работни односи, индекс на регулација на пазарот на трудот и ќе видите дека Германија е со 3,9 - 4, Србија 6,1 - 5,7 , се менувала, Македонија денес е исто така неславен рекодер, со практично нерегулиран пазар на труд и коефициент 8, пораснат во однос на 2006 од 6,6 на 8, во лоша насока. Веќе сите бројки и индекси говорат дека одиме во погрeшна насока, одиме во насока на навистина див капитализам, супер можеби и стварно ќе донесеме некој не знам каков инвеститор кој ќе сака Македонија да ја сведе на ниво на Бангладеш, ама ако не беше доволно, укината заштита на работа во ноќна смена, не беше доволно намалено траење на годишниот одмор, не беше доволно укинувањето на скратеното работно време за инвалиди, не беше доволно намалувањето на условите за пензионирање и така натаму и така натаму. Очигледно, по законите, Македонија може да се пофали со закони за doing business, ама се помалку и помалку можеме да се пофалиме со закони кои што се добри за doing living, бизнис без living нешто не ми оди.

Похожие видео