Макрадули: Со Буџетот за 2014 година власта ќе земе 7 милиони евра казни од граѓаните и фирмите

14.11.2013
Извадок од говорот на пратеникот Јани Макрадули, Комисија за финансирање и буџет: Вчера премиерот Груевски даде една историска изјава дека и покрај се во декември ќе изгреело сонцето. Не знам дали се обидува во овој период да добие моќ да го запре изгревањето на сонцето, па сфатил дека тоа не може да го направи и во декември ќе изгреело сонцето. Да почитувани граѓани, како и денес и во декември ќе изгрее сонцето. Ќе ги огрее прозорите на двата стана на Гордана, ќе го огрее апартманот на Керим во Њујорк, фирмата на Мијалков во Чешка сместена во една галерија. Ќе го огрее хотелот, стоковната куќа и бизнис центарот на Алек теранова на плоштадот во Скопје. А на Орце ќе ги огрее и банката и комбинатот. Ќе го огрее и бетон Штип и ќе го огрее МПМ. За три години навистина напредна економијата. Има човек што купил 9 различни компании. Ќе свети сонцето на најголемиот криминал, ќе го осветли и најголемиот криминал на плоштадот во Скопје, ќе ги осветли бродовите со скара и хотелот, омилениот ресторан на Владата на Република Македонија. Ќе ги огрее златните огради на театарот со златни шолји и чешми. Ќе го огрее панорамското тркало и други криминални дебилштини. А од сјајот од шофершајната на Бентлито на другарот на Ставрески, Субрата Рој, ќе боде во очите на гладните, замислените, беспомошните, оние кои мораат да чекаат на ред еднаш годишно да јадат на мостот. Почитувани граѓани нема да го огрее сонцето ни споменикот на стреланите скопјани, бидејќи криминалците од Владата го тргнаа. Го делам вашето мислење дека со овој човек не се разговара. Со овој човек не вреди да се дебатира. Со насилник не дебатирам јас. Храбар насилник, со помош на други не исфрли, не проба самиот. Проба со 63 специјалци. И ги награди со по 200 евра потоа. Почитувани граѓани, ова се вашите пари. Овој Буџет е вашиот пот, вашата мака и вашите глоби коишто морате да ги платите за оваа ненародна власт, која што само во следната година ќе ни земе 7 милиони евра повеќе казни. Во овој Буџет е и вашиот страв и мака. Вие граѓани го плаќате и гламурот и црвениот килим за Субрата Рој и земјата која им се поклонува. Денес има 5% богаташи направени од оваа Влада. Тие што добија земјиште бесплатно, тие што можеа да градат бесплатно и тие што со тендерите работат со ваши пари. И затоа не ги завршуваат ни зградите, ни ги довршуваат хотелите. Го менуваат идентитетот со менување на историјата. И тоа го има во Буџетот. Го менуваат идентитетот со некоја своја историја. Во овој Буџет почитувани граѓани, нема веќе пари за лагата што ја имаат дека ќе биде изграден споменик на Тоше Проески. Единствениот споменик за кој што добија поддршка од наша страна. Министерот Ставрески не гледа дека денеска потрошувачката кошница е повеќе од 40% поскапа, затоа што добива месечна кирија.

Похожие видео