Ивона Талеска: Во 2013 година на моја сметка ќе легнат 1,3 милиони евра HD
Разговорот е помеѓу главниот и одговорен уредник во Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас и познатата уредничка-бизнисменка Ивона Талеска. Овој разговор, од почетокот на 2013 година, целосно ја потврдува вистинитоста на сето она што СДСМ го објави пред повеќе од една година, поврзано за милионскиот скандал со фирмата „Визарис“. Јавноста ќе слушне како Ивона Талевска, лично, потврдува дека таа стои зад оваа фирма, па дури дека „сама била таму“. Ќе слушне дека Талевска знаела, како што вели, дека „ќе помине Визарис“, и тоа неколку месеци пред да се реализира тендерот за избор на фирмата од страна на Министерството за здравство. Ќе ја слушнете потврдата на Талевска: „Во 2013-та, на крај, 1 милион и 300 илјади евра ќе легнат на моја сметка, на Визарис“. Додека да и легнат парите на сметката, Талевска вели дека ќе живее како „мечка у пештера“ и нема да се „луксузира“, за да не се прават потреси