Заев: 2014та да биде пресвртница во нашите животи
Новогодишно видео обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев Пoчитувани граѓани, Во миговите кога се подготвуваме стариот календар од нашите животи да го замениме со нов, сакам своите чувства, размислувања и желби да ги споделам со Вас - луѓето кои ги сакам и почитувам, со Вас - луѓето кои ги чувствувам за свои, со Вас - луѓето со кои заеднички живееме во една иста земја. Се збогуваме со една година која индивидуално, секој од нас, ќе ја памети по добро или зло, но сите заедно ќе ја паметиме како година на наше назадување, отуѓување, осиромашување, иселување и борба за преживување. За Македонија 2013-та беше година на изгубени битки. Беше тоа година на микро раскош и макро беда. Беше тоа година во која се огледаа сите наши слабости и недоследности. Лесно е да се каже: "Ајде, што побрзо да ја заборавиме оваа година", но тешко е тоа да се направи. Годината која заминува од нашата сцена, не е било која и било чија година, туку изгубена година од нашите животи. А животот е само наш и само еден. Годината не ја изгубија граѓаните, туку некој им ја украде за свои потреби. СДСМ заедно со Вас го вперува прстот кон виновниците од власта и сериозно ги предупредува дека Македонија и нејзините граѓани нема да им дозволат нова кражба и ново газење по честа и достоинството. Немаме нови години за губење поради нечовечката злоупотреба на власта oд изгубените во времето и просторот. Токму затоа, и оваа 2013 година може да ни биде од полза, доколку знаеме како да извлечеме поуки од неа. Ќе ни биде од полза оваа година, ако ни биде четиво или лектира од која ќе научиме како не треба, како не смее, како не мора. Треба да знаеме дека преминот од една во друга година е само миг кој временски одделува, но и временски спојува. Тоа значи дека ништо особено нема да се промени ако ние самите не се промениме и ако не го промениме начинот на нашето размислување, однесување и делување. На прагот сме на новата 2014-та година. Полни со надежи и очекувања. Верувам дека поучени од досегашното искуство, ќе знаеме да направиме пресвртница во нашите животи. Дека, почитувани мои сограѓани, ќе знаеме заеднички да креираме амбиент согласно Вашите потреби. Она што мора да го сториме е да им се вратиме на подзаборавените човечки вредности според кои, зборот ќе биде збор, образот -- образ, а подадената рака за хуманост, солидарност и поддршка - добар доказ дека сме луѓе, во вистинската смисла на зборот. Да бидеме свесни дека сме господари на нашите животи и да не дозволиме да бидеме служители на оние од власта кои нам треба да ни бидат служители. Само така ќе бидеме сведоци на остварениот стремеж за благосостојба на Македонија. Тоа што Македонија го заслужува, тоа што граѓаните го заслужуваат, ние сме должни да им го овозможиме...
Похожие видео
Показать еще