Значајни проекти за Општина Виница HD

29.01.2014
Говорник: г. Емил Дончев, Градоначалник на Општина Виница Датум: 29.01.2014 Почитувани, Општина Виница заокружува една успешна година, во која се реализирани најголемиот дел од ветените проекти, но и проекти кои не беа ветени, но се покажа дека се многу значајни за граѓаните на општина Виница и притоа водејќи се по принципите на чесност, транспарентност и отчетност. - Извршена е реконструкција на околу 4000 метри водоводна мрежа, односно заменета е старата азбестна со нова ПЦЦ линија - Изградена е водоводна и канализациона мрежа во новата индустриска зона - Набавени се две нови возила за смет со што е подобрена услугата кон граѓаните за собирање на отпадот - Асфалтирано е 1000м на локалниот пат Виница- с.Градец и улица од 400м во с. Истибања - Изградени се два моста, во с.Лаки и на излезот на Виница спрема с.Градец - Пуштени се во употреба две бушотини за техничка вода - Завршена е втората фаза од забавниот парк ВИНИЛЕНД - Поставени се семафори на најфреквентната раскрсница во градот - Изградено е повеќенаменско игралиште во с.Истибања - Изградена е и пуштена во употреба рурална градинка во с.Трсино - Комплетно е заменета столаријата во детската градинка и набавена е нова печка на пелети со што правиме заштеди на енергенси до 50% - Реконструирана е машинската зграда во СОУ "Ванчо Прке", со што ја подобривме практичната настава кај средношколците - Отворивме нижо музичко училиште Во тек се - Завршните работи на новата градска Капела - Изградба на крак канализација во с. Истибања - Изградба на крак канализација во с. Градец и на неколку локации во новиот дел на градот Поголеми проекти кои набрзо ќе отпочнат со реализација оваа година се: - Изградба на атмосферска канализација - Реконструкција на водоводната мрежа во с.Блатец - Изградба на Филтер станица во с.Трсино - Изградба на канализациона мрежа во с.Лески - Асфалтирање на ллокалниот пат Виница-с.Јакимово - Асфалтирање на локален пат с.Липец-р.Осојница - Асфалтирање на главната артерија во новата индустриска зона - Уредување на влезот на градот - Поставување на водомери со далечинско читање - Уредување на Плоштадот Анѓел Винички со урбана опрема - Доградба на уште 2 занимални во детската градинка - Отворање на детска градинка во с Истибања И уште многу мали зафати, но значајни за граѓаните на општина Виница Овие и сите други проекти кои ги ветивме во програмата за локалните избори се наша обвска пред граѓаните. Ние ветивме и напорно работиме тоа да го оствариме. Само со континуирана работа може да ја постигнеме нашата цел Виница да ја претвориме во просперитетна општина. Ви благодарам на вниманието

Похожие видео

Показать еще