Поддршка за Претседателот Ѓорѓе Иванов HD
Македонците во Швајцарија денес со јасен став и поддршка до Претседателот Иванов ------------------------------------------------------------------------------------------------------ Ѓорге Иванов (2 мај 1960 во Валандово) — претседател на Македонија, избран на претседателските избори во 2009, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На функцијата стапил на 12 мај 2009, а за втор мандат бил избран во 2014 година. Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. Иако во младоста се интересирал за технички науки, завршил право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Извесно време работел како новинар во МРТ, а бил и член на подмладокот на Сојуз на комунистите на Југославија. Во 1998 станал професор на Правниот факултет во Скопје, а ја извршувал и функцијата продекан на факултетот во еден мандат. Пред да стане претседател, имал левичарски убедувања и бил активен во невладиниот сектор како член на управниот одбор во фондацијата Отворено Општество. За време на претседателските избори во 2009, Иванов добил поддршка од повеќемина јавни личности од академската, политичката, културната, и спортската фела. На неговата прва инаугурација присуствувале претседателите на Србија, Хрватска, Албанија, и Црна Гора. Имал затегнати односи со косовскиот претседател, поради промена на поканата од официјална во работна. Во 2014 освоил втор претседателски мандат, но не бил признат од СДСМ поради обвинувања за изборен фалсификат и од ДУИ поради немање поддршка од Албанците во Македонија. За време на вториот мандат ги заладил односите со ЕУ и Германија, обвинувајќи ги за неажурност во справувањето со европската мигрантска криза. Неговата одлука во април 2016 за општа аболиција на сите осомничени од страна на СЈО ја предизвикало Шарената револуција, повеќемесечни протести низ повеќе градови во Македонија против претседателскиот акт. Одлуката ја повлекол во јуни, но ги обвинил опозицијата и странските амбасадори за внесување на земјата во политичка криза.
Похожие видео
Показать еще