anonYmous pRoject - Тежок случај на пекол (Block Out cover) HD
music written by Block Out/Nikola Vranjkovic off the album Шегата седна на WC шолја, self-released 2014 lyrics: Мозокот мирува, но под морето тече врел камен гробот подждригнува, ќе ми ги изглода коските ако застанам истетовираниот страв на твоите образи вреска ти си само негов потстанар смртно озбилен, без татко и без пријател Празни години околу тебе тажно летаат што ќе правиш ти со нив и што ќе прават тие со тебе ваков? Ти го ревидираше твојоп став сто педесет пати час си роден како машко, час како женско на кого му е гајле, сам знаеш - роден си ко пичка! Каде е границата? Не сум сигурен ни дека постои Што е целта? Или трчаме во круг без цел? Патот од тебе до мене е со илјада дупки, ко улица од чакал немам време да чекам да се убиеш Тргни ме, јас не сакам твојот инает со живот да го платам скрши ме, ете не успеав да сфатам убиј ме, ти тоа можеш да го направиш со секој Ако сè гледа, што се прави блесав, што не ги отера сите говна на небеса? Здивот на осветата кружи над мојата глава зар да убијам, да се престројам во твоето племе? Луѓето голтаат солзи, ги џвакаат сопствените заби тече крв од кровот на Соборниот Храм тежок случај на пекол, тешко дека има нешто пострашно. Нема ништо пострашно Разбуди ме пред да посакам да умрам во сон убиј ме, на сите за пример расчеречи го мојот труп тргни ме, јас знам за твојот страв, но тоа никој не смее да го знае Ако сè гледа, што се прави блесав, што не ги отера сите говна на небеса?
Похожие видео
Показать еще