STIP HOP - Trubi na tishinata ( Prod . by Fundament )

16.02.2014
ШТИП ХОП- Труби на тишината (Prod. by Fundament ) Vokali : DNS Production Mix: Fundament Master : Partyman _ Замолкни во тишина слушни ме стравот те обзема имаш солзи во очите со празна душа момент на соочување чување на зборот во идеали преточување истакнување на мисла што во душа те боди пат по неповрат она самата те води и ќе поминат далечини пред нова да се роди сега сме тука овој пат се оди А тишината доаѓа после години борба игра од зборови за необјаснива творба надвор од овој контекст ништо не се прави исправи се погледни никој да не заборави за зборови некажани зборови во празно умот се стресува од мисли сообразно исцрпувачки во празно звук на вистината звукот што ми треба е труби во тишината _ Ако носиш нешто неизречено нешто што те притиска и пече Закопај го во длабока тишина -- таа сама ќе го рече !!! _ Газам по молк во храм на мртва тишина пожар во мисли низ вени горчина осуден да не зборам слеан во црнина ме газат и рушат трупи на темнина Споменот дрма сакам одново да се родам глувост од премолчен збор да ослободам го колнам денот што ми отвори рана направи пустош доста е вртам нова страна _ Ова е моја дисциплина колку трпам јас горчина толку јачина на место овој звук те раскина од тишина набрзина сега гласно со суштина со зборови тешки како цела планина одекнувам со ек од век кој одмина овој продорен тек од човек со своја вина се издигнувам на бина сега стојам на чистина со моќен глас и труби на тишина _ Ако носиш нешто неизречено нешто што те притиска и пече Закопај го во длабока тишина -- таа сама ќе го рече !!! Заматен поглед од мисли прашина Не ја разбираш мојава тишина Молк во огромна количина Не прашувај зошто зборам си имам тежина Од расклопени букви правам целина Погледни низ зборов нема празнина Ловам оган од очи монструозно на бина Хахааа кај е твојата вистина изникнувам од прав со тврда позадина загрозени видови останавме малкумина Несовладливи сите -- моќна дружина И на овој дел факти со тешка содржина Го кршам шумот создавам иднина Ќе завршам уште не сум ни до половина со цврсти бесни цели оставам на судбината Доаѓаме со труби на тишината!!! _ Ако носиш нешто неизречено нешто што те притиска и пече Закопај го во длабока тишина -- таа сама ќе го рече !!! Реф : Ацо Шопов -- Слеј се со тишината Sample Makedonija - Esenska roza FB https://www.facebook.com/stip.hop.1?ref=tn_tnmn

Похожие видео

Показать еще