Отворено: Условена препорака [с2е1]

17.11.2015
"Условена препорака" - европската интеграција во неизвесност Првата емисија од втората сезона на Отворено отвори дискусија за: Дали е интеграција на Македонија во ЕУ, земја кандидат за членство од 2005, доведена во прашање со последниот Извештај за напредок во 2015? Како да се надминат критиките и забелешките за независноста на судската власт, слободата на изразување, управувањето со јавните финансии и изборниот процес? Постои ли искрена политичка волја за реализирање на главниот услов за задржување на препораката - спроведување на договорот од Пржино? Со граѓаните дебатираат: Лидија Димова, претседателка на Националниот совет за евроинтеграции; Ермира Мехмети, претседателка на собраниската Комисија за европски прашања; Александар Јовановски, програмски координатор во Институтот за европски политики (ЕПИ) #отворено https://www.facebook.com/otvorenotv https://twitter.com/OtvorenoTV

Похожие видео