Кабадаја Битола

02.02.2010
Кабадаја Битола Македонија Оти што ќе се рекламира во иднина? Можеме ли барем да насетиме? „101 начин како најуспешно да преживеете во услови кога човек на човека му е волк (прирачник за паметните)! Пакет најосновни животни производи, за само 1000 денари. Купи два и добиј еден бесплатно! Како да препознаете чиста вода за пет минути. Безбедно и корисно. Парите ги враќаме само на оние што навистина ќе умрат како последица од пиење нечиста вода! Се обидувам да го насетам гневот на целната група (сите луѓе на планетава) кон која би биле насочени овие рекламни слогани. Зарем маркетинг агенциите ќе бидат тие кои сега ќе треба да им помогаат на луѓето, кои до вчера ги третираа како стока за црпење пари и туткање на истите тие пари во џебовите на малкумината среќни олигарси?! Се надевам дека ќе имаат барем малку доблест да ја избегнат таа перверзија. П.С. Битола, 2015 година. Се јавува нов сој кабадаи: оние што можат да се пофалат (да дигаат чалам) колку вешто и успешно го преживеале најлошото и кои својата умешност ја споделуваат со другите и ја остават како аманет за во иднина. Во битолската чаршија за кабадаите почнува да се зборува со поинаков тон. Не знам каков, но сигурно не со потсмев. http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=4672F587368B4442960630539B642F4D macedonia makedonija balkan bitola kabadaja кабадаја битола македонија пелистер

Похожие видео