Љубојно - Една приказна две времиња HD
Селски туризам во Љубојно: Вилата Стара чешма во село Љубојно има на располагање 3 двокреветни соби, една трокреветна соба, една соба со четири кревети. Три соби имаат сопствено купатило а две соби делат едно исто купатило. Вкупниот капацитет за ноќевање е 13 кревети. Цена за ноќевање со доручек – 800 денари. Вилата располага со ресторан за 25 лица во зимски период и за 100 лица заедно со терасата која работи само летниот период. Вилата нуди традиционални јадења, риба како и мед од сопствено производство. Контакти: тел 1:+38970822642 тел 2:+38972629021 (Елида Станковска) За Љубојно: Едно од најстарите и најубавите села во Преспа во еден од најпечалбарските краеви во Македонија е наш предлог за посета во овој топол летен месец. Поволната местоположба, пријатната клима, изобилството со извори и водни текови, и особено близината на Преспанското Езеро, го прават Љубојно исклучително примамливо за посетителите На крајниот југозапад на Македонија ве дочекува Љубојно, село со исклучително поволна географска положба. Се наоѓа во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, на надморска височина од 920 метри во пазувите на гордата планина Баба и 3 км оддалечено од Преспанското Езеро. Најблиски градови се Ресен и Битола, на 28 и 50 километри. Низ атарот на селото тече водоносната, брза и бистра Брајчинска Река. Штрбово, Брајчино, Долно Дупени и Наколец се селата со кои се граничи. Целиот овој предел е под влијание на континентална, медитеранска – поради близината на Егејско и Јадранско Море и алпска клима –поради близината на планинскиот масив на планината Баба. Љубојно е старо христијанско село. Под различни облици на денешното име – Љубоини, Лјубојно, Љубоино и Љубојно – неговото постоење е забележано во повеќе извори. Најрано се споменува во втората грамота на царот Душан од 1337 година кога тој ја подарил селската црква Свети Никола на манастирот Трескавец. Љубојно повторно се спомнува и во еден запис на Сливничкиот манастир од 1607 година, како поголема македонска населба. За време на владеењето на Турците селото било речиси комплетно изгорено. Силните миграциски движења особено се интензивирале по Втората светска војна и довеле до речиси масовно иселување на ова некогаш исклучително значајно населено место, па преминало од големо во мало село. Денес, како и во другите села во Преспа единствена земјоделска гранка е овоштарството, односно производството на јаболка. За ова село се карактеристични вкусните јаболка, со посебниот начин на чување во јаболкова слама. Карактеристично за Љубојно е што од дамнина претставувало просветен центар. Првото школо било изградено уште во првата половина на 19 век. Во селото имало школувани луѓе и пред Втората светска војна, а оттука потекнуваат и повеќе луѓе кои биле или се доктори на науки и универзитетски професори. Движејќи се низ селските улици, во непосредна близина на селската Полена, погледот ќе го привлечат остатоците од една масивна градба, специфична по својот изглед и стил. Тоа е зградата на некогаш