СТРУМИЧАНИ ЈА ПОДДРЖАА ОДЛУКАТА НА ЗАЕВ HD

17.02.2013
Струмица, 17. 02. 2013 година Добровечер храбри луѓе, Како претседател на ЛК СДММ Струмица сакам да ве поздравам од мое и од име на нашиот градоначалник Зоран Заев кој искрено жали што не е тука лично тој да ви се обрати. Вечерва сме собрани од револт, но се надевам и со голема желба да дадеме допринос во разрешувањето на дадената ситуација, со огромна подршка кон нашиот градоначалник. Сакаме да опстоиме во Отпорот кој повеќе од два месеци го даваме кон актуелната власт. Опстојуваме и целосно застануваме на одлуката на централното раководство и кон нашиот градоначалник како потпретседател на СДСМ. Струмица никогаш нема да биде вмровски град. Се ќе направиме да се најде излез и коректно решение пред се за Македонија,а после и за Струмица. Сакам да ви упатам порака да бидеме стрпливи и да истраеме во играта која ни ја наметна актуелната власт, бескорпулозно сакајки да ја уништи опозицијата. Во очекување на конкретни решенија и разврски искрено и другарски од Вас барам најголемо единство. Да не потклекнеме под уцени, закани и притисоци. Веруваме во мудроста и одлуката на нашето раководство а најмногу му веруваме на нашиот градоначалник Зоран Заев Уште еднаш Ве поздравувам, бевме и ќе останеме лојални и верни социјалдемократи со една заедничка цел МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ. Ве молам, со трпение и разбирање да ја одржувате мобилноста на нашето членство на досегашното ниво, а понатамошни инструкции за дејствување ќе добиете преку претседателите на месните одбори.

Похожие видео

Показать еще