Martincho-За починатите браќа

16.04.2012
Жал ми е што се случи ова, како и сите други така жалам и јас.. Им давам подршка на родителите но не е тоа тоа .. Нека почиваат во мир, лесна нека им е земјата :// Текст : Сите сме собрани на едно место, не се простува ова нека слушне светов. Болно е кога веќе блиските ги нема, на мајката синот дома не и шета.. Каде се тие што направија немир, зарем можеле да имаат толкав презир. Не сакам да кажам што ќе им се случи, Само тоа дека Господ вечно ќе им суди. Бел ден да не видат само црна слика, за убијците оган и палење на шипка. Ве мразиме убијци од дното доле, да ви биде ова последната пролет. Родители на покојните сите сме со вас, да ја издржиме болката но нема спас. Само тој што изгубил знае колку боли, денови и ноќи нон стоп е во солзи. Македонија во тага само лица тажни, Господе на браќата поздрав да им пратиш. Срцата потонати во длабокиот вир, лесна ви земја почивајте во мир. Џабе насмевка кога погледот е тажен, солзите како извор но изворот е празен. Тие што вчера беа ги нема денес, за еден ден одма животот е сменет. Што и да се случи што и да се прави, нема да се вратат нашите другари. Тагата не обзема како тешка бура, мајче знај дека син ти беше јунак.

Похожие видео

Показать еще