Почна второто полугодие се најавува скрининг, не се знае колку ученици и наставници се позитивни_720P HD

02.02.2022
Почна второто полугодие се најавува скрининг, не се знае колку ученици и наставници се позитивни Почна второто полугодие за учениците на основните и средните училишта со физичка настава и маски. Иако Синдикатот за образование и Детската амбасада Меѓаши побараа онлајн настава, нивното барање не беше прифатено. На прашањето колку ученици и наставници се позитивни и не се појавиле во текот на првиот ден на настава, министерот Шаќири немаше информации. „Моментално? Точна бројка… Јас комуницирав со Комисијата и ми рекоа дека бројката не е висока и наставата да почне со физичко присуство, само тоа ми е дадено“, вели Шаќири. Ниту здравствените власти немаат информации за бројот на заразени ученици и наставници. „Најавија скрининг или тест за Ковид-19 кај учениците. Скринингот ќе опфати околу 20 илјади ученици, а тоа ќе се направи со брзи тестови. Целта е да се види вкупната застапеност на вирусот во овие старосни групи рече Петличковски. Но колку го детектираат сојот Омикрон брзите тестови!?“, вели Александар Петличковски претседател на КЗБ. За носењето маски, Шаќири вели дека за тоа ќе одлучи КЗБ. Новиот претседател на Комисијата д-р Александар Петличковски, рече дека треба да се продолжи со истите протоколи како во првото полугодие, бидејќи е многу ниска инциденца кај учениците. Поради таа причини предложиле учениците да се вратат на училишните клупи. Инаку доколку еден ученик излезе позитивен, на изолација одат само учениците кои седат околу него и во зависност од тоа дали имаат симптоми треба да се тестираат.

Похожие видео

Показать еще