Пита со тиква суво грозје ореви и кокос.Pie with pampkin.(Рецепт има испод видео детаљно опис).

12.01.2019
Рецепт Превкусна пита со домашни кори,со преубава арома на кокос и ванила. Горната кора и е крцкава а средината мека.. богата со фил.И филот се осеќа зошто не е пржена тиква,тoa e поздрва храна е вака. Видео не ми е целосно снимано заради домашни околности.За возврат имате преубав рецепт, и се надевам на разбирање. Состојки: 300-400 г. бело брашно 1 мала лажичка сол 2 мали лажички шеќер малку квасец малку масло од сончоглед 2-3-4 лажици. Вода по потреба да замесете средно меко тесто. За фил: -исчистена и рендана тиква -50 г. ситно сецкани ореви -50 г.суво грозје 1 вреќичка ванилин шеќер 5 лажици супени кристален шеќер 5 лажици супени кокос масло за јадење за прскање на кори малку шеќер во прав за посипување Подготовка: Во сад за месење ставете го брашното и сол, шеќер и масло и квасец. Со топла вода замесете средно меко тесто. Поделете го тестото на 4-5 топки, ставете ги во подмачкан плех и оставете да отстои 10 минути. За фил во сад измешајте ги сите состојки заедно, тиква, ванила, шеќер, суво грозје, и ореви со кокос. На чаршав со раце развлечете го тестото во кори. Секоја кора прскајте со масло од сончоглед, и ставете повеќе од фил. Завиткајте ги корите во ролна и сечете ги на парчиња како во видео. Ставете ги парчињата во подмачкан плех и прскајте со масло од сончоглед. Печете ја питата на 180-200 С, околу 30 минути. Печената пита прскајте ја со млака вода малку, и вратете ја во рерна на 2 минути. Извадете ја готовата пита изладете ја и посипете со шеќер во прав. Убав Апетит.. и ако ви се допаѓа споделете го рецептот и повеќе рецепти има на мој блог.. https://www.lilestisevska.com/

Похожие видео