ВУЈО МАЈСТОРЕ !!!

14.06.2013
Играчите го гледаат како свој втор Татко, секогаш е на нивна страна,а ние навивачите го гледаме како голема легенда. Легенда која повеќе од еднаш докажа и покажа дека навистина го сака Вардар, но и дека ги почитува неговите навивачи. Велат, бесен бил ваков бил онаков бил. Па да.. едноставно тоа е дел од него, тоа е ради љубовта која постои за Вардар во него. И во последниве два-три дена е главна тема Русинот Самсоненко и неговиот капитал. Го обнови ЖРК Вардар, па со шампионската маичка дојде на прес и рече дека од РК Вардар ќе направи Европски Гигант. Читав... ми се насолзија очите. Од дамна се немав израдувано така, чисто вистински од срце, затоа што навистина ВАРДАР заслужува една финансиска закрепа која би му донела крила за високи долети во Европа. Всушност, русинот ги освои мојте симпатии со неговата изјава дека главна причина за влез во РК Вардар сме ние Навивачите, Комитите, кои со ладни глави успеавме до крај да останеме на трибина мирни и да го направите тоа за кое бевме дојдени таму. Да пееме и да славиме. И сега, се дига прашина.. Вардар ќе се вивнува високо нагоре се спомнуваат звучни имиња НО... како да ми стои грутка во грлото, како нешто да не е цело. Врти-Сучи се се враќа кон ( за мене лично, но и за сите познавачи на ракометот ) клучот на успехот. ВУЈО... ВУЈО како тренер, ВУЈО како човек. Па не знам дали постои некој искрен навивач кој посакува Вујо да си замине од Скопје. Казнет е една година надвор од терените но во Македонија. Е сега прашањето е дали треба да се стави на маса нов договор за ВУЈО или пак да се потапне Вујо по рамо и без да се потрудиме да го пратиме на Исток. Несомнено е дека ќе заработував повеќе од тука, но дали некогаш ќе засака клуб како што го сака Вардар? Пред неколку недели Вујо за едно интервју рече „Вардар неможе без Вујо„ , но според мене факт е дека и „Вујо неможе без Вардар„. Јас и мојте другари Комити, а најверојатно и сите Скопјани САКАМЕ ВУЈО ДА ОСТАНЕ. Сакаме да пратиме еден апел до Русинот кој ја има сета наша поддршка за голем Вардар, да го побара Вујо да седнат на маса да се договорат. Да не се пушти нашата СИЛА да замине онака ... лесно. Не се сомневам дека Вујо би се согласил да седне на маса, да разговара со управата. Вујо знае како Вардар дише. Вујо ги знае сите доблести и мани на овој клуб. Но што е и поважно И ние навивачите го знаеме ВУЈО КАКО ГОЛЕМ ЧОВЕК КОЈ МНОГУПАТИ ГО ОСТАВАЛ СРЦЕТО НА ТЕРЕН ЗА КЛУБОТ И ЗА НАВИВАЧИТЕ. Затоа се надевам дека овие неколку редови ќе стигнат до ушите на нашиот нов финансиер, и дека ако ништо друго ќе проба Вујо да го задржи таму каде што Припаѓа. ВО ВАРДАР!

Похожие видео

Показать еще