АПМ со честитка за 8ми Март меѓународниот ден на жената
Дозволете на самиот почеток на сите жени, во името на Алијансата за Позитивна Македонија да им го честитам 8 март меѓународниот ден на жената. Алијансата за Позитивна Македонија во оваа пригода сака посебно да ја истакне важноста на улога на жената во целокупниот економски, политички и воопшто општествен развој. Како нов политички субјект се залагаме за афирмација на жената низ нејзиниот дигнитет и вредност имплементирана на сите нивоа и воедно креираме политики за еднакви можности на мажите и жените како во приватниот така и во јавниот живот. Со измените на изборното законодавство од 2006 година обезбедено е на кандидатските листи да на секој три кандидати минимум еден е жена. За поздрав е последниот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија со 42 жени пратенички односно 34 проценти од пратеничкиот состав. Но за жал имаме минимална политичка партиципација на жените на локално ниво односно бројот на градоначалници жени како и жени на министерска позиција во Владата на Република Македонија. Родова еднаквост и зајакнување на жените се прашање на правдата и човековите права, и се од суштинско значење за развој на целото општество и за нашата колективна глобалната иднина. Почитувани, Ние како Алијанса за Позитивна Македонија сакаме и ќе работиме на тоа пораките и желбите кои за праникот ќе ни бидат испратени на нас жените да не завршат на 9 март туку тие да станат дел од нашето секојдневие. Затоа Алијанса за позитивна Македонија се определува на престојните предвремени парламентарни избори на нашите листи во најмалку три изборни единици од шесте, првата тројка да биде составена од две жени кои ќе докажат дека во Алијанса се надминува стереотипот на понежен пол.
Похожие видео
Показать еще